ПСЖ ја урна клетвата, француски тим по 40 години победи во пенал-рулет во европските купови

ПСЖ стана прв тим што успеал да го елиминира Ливерпул од европските купови откако го загубил првиот меч од „црвените“ на домашен терен.

Она што е уште поважно, „светците“ со извонредниот фантастичен резултат прекинаа и една неверојатна црна традиција – станувајќи прв француски тим што по 40 години пауза успеал да триумфира во пенал-рулет во европските натпреварувања.

Последниот кому тоа му успеало беше Бордо во март 1985, во двомечот со Дњипро, по што следеа серија несреќни порази во пенал-завршници за француските клубови.

Лион во 2005 беше елиминиран во четвртфиналето од ЛШ од ПСВ Ајндховен, а истиот клуб во 2012 загуби на пенали од АПОЕЛ Никозија.

Олимпик Марсеј беше поразен во големото финале од Црвена Звезда во 1991 година, а истиот клуб во 2023 беше елиминиран во нокаут-фазата од квалификациите за ЛШ, од грчки Панатинаикос.

Сега на таа црна серија конечно и дојде крајот, па интересно ќе биде да се види каков ќе биде успехот на француските клубови во пенал-завршници во следните неколку такви ситуации…

Се вчитува...