ПСЖ ќе мора да продаде четири играчи за да го исполни финансискиот ферплеј

Европските гиганти го кренаа гласот прoтив ПСЖ, откако францускиот гигант плати неверојатни 222 милиони евра за да го доведе во своите редови Нејмар од Барселона. Сите гласно бараат истрага од страна на УЕФА, но и од Европската Комисија, па на „светците“ им е јасно дека ќе мора да ги исполнат условите за финансиски ферплеј пропишани од страна на европската куќа на фудбалот.Весникот „Л’Екип“ тврди дека ПСЖ ќе нема потреба да ги продава своите најдобри фудбалери за да го задоволи финансискиот ферплеј за трансферот на Нејмар, бидејќи „светците“ имаат овозможено дополнителна финансиска инјекција со која имаат и повеќе од доволно пари на располагање. Затоа пак проблемот ќе претставува буџетот на плати, за кој е предвидена посебна ставка и кој е дополнително преоптоварен со оние 300.000 евра неделно што ќе ги заработува Нејмар. Поради ова ПСЖ ќе мора да продаде четири фудбалери кои ионака сезонава не се првотимци, за да ги задоволи условите на финансискиот ферплеј.Станува збор за Криховијак, Орие, Матуиди и Бен Арфа, за кои веќе се водат преговори за заминување од „Паркот на принцовите“. Орие се наоѓа пред трансфер во Тотенхем, Матуиди е на чекор до Јувентус, за Криховијак сериозен интерес покажува Интер, а најголем проблем е Бен Арфа, кој поради големата плата што другите клубови не можат да му ја израмнат одбива да си замине. Француските медиуми сепак тврдат дека и овој фудбалер до крајот на преодниот рок нема да биде дел од ПСЖ, а тимот од Париз не само што ќе ги исполни нормите за финансиски ферплеј, туку ќе добие и околу 80 милиони евра од нивната продажба.„Светците“ во меѓувреме ги финишираат и преговорите со Килијан Мбапе, чие доаѓање ќе значи и сигурна продажба на уште најмалку двајца фудбалери на ПСЖ (се шпекулира со имињата на Анхел ди Марија и на Лукаш Моура).

Се вчитува...