ПСЖ ќе плати 36 милиони евра за менаџерски провизии за Нејмар

Нејмар ќе заработува 30 милиони евра плус бонуси со петгодишниот договор што ќе го потпише со ПСЖ, но од мегатрансферот на бразилскиот ас ќе се офајди и неговиот татко, кој воедно е и агент на голгетерот.

„Светците“ ги финишираат ситниците од договорот што би можел да се официјализира на самиот почеток од наредната седмица, а еден од тие детали се и менаџерските провизии за сите оние кои овозможиле мегатрансферот да се реализира. Француските медиуми објавуваат цифра од огромни 36 милиони евра што „светците“ ќе ги платат на агентите и посредниците во трансферот.

Од оваа сума најголем дел ќе заработи таткото на Нејмар, над 20 милиони евра, потоа бизнисменот Пини Захави, кој ги стартуваше преговорите во име на ПСЖ, но и уште неколку лица кои даваа консултантски услуги во изминатите триесетина дена и овозможија трансферот да дојде до фаза на реализација.

Се вчитува...