ПСЖ не запира, тргна во офанзива по уште еден „кнез“ од Монако

Пари сен Жермен лани беше шокиран од Монако во трката за титулата во Франција, но „кнезовите“ со тоа само ги налутија арапските газди на „светците“, кои се решени летово да пазарат од директниот ривал за титулата.

Килијан Мбапе останува главна желба на тимот од Париз, но во меѓувреме ПСЖ стартуваше преговори и за уште еден фудбалер на Монако. Станува збор за Бразилецот Фабињо, кој според тренерот Емери би ја донел посакуваната стабилност во средниот ред на „светците“, крај Марко Верати. Понудата од 45 милиони евра експресно беше одбиена од страна на „кнезовите“, но весникот Л’Екип тврди дека ПСЖ се вратил со нова понуда, овојпат од 60 милиони евра.

Самиот фудбалер притиска за преселба на „Паркот на принцовите“, па на челниците на Монако ќе им биде многу тешко да го стопираат овој трансфер, особено по најновата богата понуда од „градот на светлината“.

Се вчитува...