ПСЖ пак се „лизна“ во Франција

Сам пет дена по феноменалната победа над Барселона во Лигата на шампионите, фудбалерите на ПСЖ уште еднаш се избламираа во домашното првенство. Свесни дека Монако претходно „киксна“ и имаат идеална шанса да му се приближат на лидерот, „светците“ сепак вечерва потфрлија играјќи без голови на домашен терен против Тулуз.

Голем дел од вината сигурно повторно оди кај тренерот Унаи Емери, кој експериментираше со составот, па покрај отсустните Ди Марија и Тијаго Силва реши да ги остави на клупата Верати и Мауиди, на нивно место давајќи им шанса на Мота и на Нкунку. Откако увиде дека неговиот тим многу тешко создава шанси Емери потоа ги уфрли Верати, Бен Арфа и Пасторе, но одбраната на Тулуз го издржа налетот на актуелниот шампион и стигна до бод на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ по ова реми сега има 46 бода, исто колку и Ница на делба на второто место, три бода помалку од лидерот Монако.

Се вчитува...