Унгарски Веспрем го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава. Во 7. коло од Групата Б, Веспрем на нашиот Дејан Манасков загуби на гостувањето од ПСЖ со 33-28 (19-14).
Манасков мечот го заврши со три постигнати гола, со 75% успешност. Најефикасен кај Веспрем беше Драган Гајиќ со пет постигнати гола.
Во победничкиот француски состав незапирлив беше Никола Карабатиќ со 8 гола од 12 обиди, а по 6 гола запишаа Сагосен и Кемпф.
По овој триумф ПСЖ го презеде лидерството на табелата во Групата Б со 12 бода (шест победи и еден пораз) пред Веспрем кој остана на 11 бода (пет победи, реми и пораз). На третото место е Фленсбург со 10 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА