ПСЖ во финишот го скрши отпорот на Дижон… (видео)

ПСЖ стигна до значајна победа во трката за шампионската титула во Франција, славејќи со 1-3 на гостувањето против Дижон.

Долго се мачеа фудбалерите на ПСЖ, па во последните десет минути успеаја да го скршат отпорот на домашните. Најпрво, Лукас во 29. минута ги доведе гостите до водство, но Дижон израмни по само две минути со голот на Тавареш.

Во 81. минута Силва конечно носи предност, а конечните 1-3 ги постави Кавани во 84. минута.

Edinson Cavani Goal HD – Dijon FCO 1-3 PSG -04… by arcturusmedia33

По оваа победа, ПСЖ има 49 бода, израмнувајќи се на втората позиција сега со Ница, додека на врвот е Монако со 52 бода.

Се вчитува...