Европскиот шампион ПСЖ планира во зимскиот преоден рок дополнително да ја засили екипата, а на листата на желби е левиот бек на Барселона, Алехандро Балде.
Управата ја ПСЖ најверојатно ќе ја послуша препораката на тренерот Луис Енрике и во јануари ќе понуди околу 50 милиони евра за шпанскиот репрезентативец. Енрике инсистира на ангажманот на Балде, кого го гледа како идеална замена за Нуњо Мендеш.
На „Паркот на принцовите“, наводно, не се задоволни од придонесот на Лукас Дињ, и поради тоа во јануари решението за левата бековска позиција ќе се бара на „Камп Ноу“.
Балде, пак, не е задоволен од својата минутажа во Барселона. Дваесет и двегодишниот фудбалер досега одигра само 12 минути во новата сезона, поради што разделбата со Барселона е неизбежна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
