„Публиката е нашиот 12. играч“ – Бразилски клуб ќе купи вакцини за сите свои навивачи

Бразилскиот клуб Атлетико Паранаензе, поранешен првак во најфудбалската земја на светот и освојувач на Копа Судамерикана ќе направи потег за паметење во овој тежок период и планира да ги имунизира сите свои навивачи. Инаку можноста Атлетико Паранаензе да купи вацини доаѓа после одлуката на бразилската влада дека секоја приватна фирма може да си набави вакцини.

Бразил е земја која е втора најпогодена земја на светот од глобалната пандемија на Ковид-19, со над 13 милиони заболени и скоро 350.000 починати лица од опасниот вирус, па бразилскиот клуб во оваа глобална битка да се најдат вакцини, најавил дека ќе купи количество за имунизација за секој член на клубот од навивачите да биде имунизиран.

Атлетико нарачал вакцини за сите вработени во клубот, за сите фудбалери, стручен штаб, како и младинскиот погон, а плус и за навивачите, со цел брзо потоа на трибините да може да се вратат нивните приврзаници.

„Публиката е нашиот 12. играч, Атлетико ги повикува сите институции вклучени во фудбалот да се вклучат во битката и да помогнат во борбата против коронавирусот, заедно ќе го победиме овој вирус“, објави клубот.

Се вчитува...