Пукањето врз Ковачевиќ било предупредување?

Информацијата за вооружениот напад врз Дарко Ковачевиќ пред неговата куќа во Глифада силно одекна во Грција, па медиумите во јужниот сосед почнаа да се занимаат и со наводните причини поради кои дошло до обид за убиство на поранешниот фудбалер.

Ковачевиќ според последните информации бил ранет во ногата, а фактот дека лицето што пукало не се решило повторно да го стори тоа кога Србинот бил на земја говори дека станува збор за предупредување.

„Дефинитивно не станува збор за грабеж, но според околностите се чини дека ова е предупредување до Дарко Ковачевиќ. Тој и кажал на полицијата дека нема непријатели во Грција, но Дарко паднал на земја, се обидел да побегне, а напаѓачите не тргнале по него. Се чини дека е испратена порака за предупредување“ – пренесуваат дел од грчките медиуми.

Се вчитува...