„Пукна“ работата во Зенит, Манчини нема да го дочека Вардар?!

Рускиот гигант Зенит ќе биде првиот ривал на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, а гостувањето во Скопје би можело да мине без Роберто Манчини. Италијанскиот стратег се скара со раководството на клубот поради неисполнетите желби во овој летен преоден рок. Иако на тимот од Санкт Петербург му оди одлично во руското првенство, Манчини посакува најмалку уште едно засилување на стоперската позиција, а досега желбите не му се исполнети. Токму поради ова, тој се заканил и дека ќе си замине, доколку не го добие очекуваното од управата на рускиот клуб.

Манчини посакува да ја засили одбраната на својот тим, а Зенит досега пропушти две убави можности, откако не успеа да ги ангажира Костас Манолас и Ајмен Абденур. Тие беа на листата на желби на Манчини, но раководството на рускиот клуб не реагираше на најдобар начин. Италијанецот сега бара под итно да биде доведен нов квалитетен одбранбен фудбалер, па дури и за заканил со оставка, доколку тоа не се случи. Манчини сака да игра со Ивановиќ како десен и Кришчито како лев бек, а единствен квалитетен стопер во моментов му е Емануел Маманa. Тој јасно им ставил до знаење на раководните структури дека нема доверба во неколку руски фудбалери кои ги имаа за оваа позиција, наспроти мислењето на управата дека треба да бидат форсирани токму домашни играчи.

Доколку односите не се нормализираат во најбрзо време, тогаш можно е Манчини да си замине од Зенит и пред стартот на натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа.

Се вчитува...