Пулишиќ одби нов договор со „милионерите“, ги ’запали’ Ливерпул и Челси

Крилниот играч на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ, одби да потпише нов договор со „милионерите“, а тоа го запали алармот кај англиските премиерлигаши. Ливерпул и Челси се клубовите кои сакаат да го доведат на Островот.

Германскиот бундеслигаш не сака ниту да слушне за продажба под 70 милиони евра, но неговиот поранешен тренер Јирген Клоп е подготвен да издвои толкава сума за да го донесе на „Енфилд роуд“. Челси исто така нема да штеди средства, затоа што Маурицио Сари во него гледа замена за Бразилецот Вилијан кој најверојатно ќе си замине и ќе направи трансфер во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...