Рабио најблиску до „Олд Трафорд“?

Францускиот фудбалер Адриен Рабио е на чекор до потпис со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Тој на 1 јули и официјално ќе биде слободен агент по измачувачката година со ПСЖ и ќе може да го одбере новиот клуб. Во опција беа многу европски гиганти кои сакаат да го добијат одличниот играч за врска без отштета, а најсериозни се преговорите со Манчестер Јунајтед.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер инсистира да го освежи средниот ред со Рабио, а раководството веќе го договорило личните услови со фудбалерот. Тој треба да биде замена за Андер Ерера, кој пак оди во спротивен правец и потпишува за Пари Сен Жермен.

Претходно сериозен интерес за Рабио покажуваа Барселона и Тотенхем, но двата клуба во меѓувреме ги прекинаа преговорите, оставајќи го Манчестеер Јунајтед како фаворит во оваа трка.

Се вчитува...