Работа на долги патеки: Сити веќе го знае и наследникот на Гвардиола

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола одби да разговара за продолжување на договорот со Манчестер Сити и се поизвесно е дека ќе го напушти „Етихад“ во 2021 година кога истекува актуелната соработка со „граѓаните“. Негова мисија оваа сезона е да ја одбрани титулата во Премиер – лигата, но и да се обиде со англискиот тим да ја освои Лигата на шампионите. А раководството на Манчестер Сити веќе го знае и неговиот наследник.

По две години, на клупата на актуелниот англиски шампион треба да седне Микел Артета, првиот асистент на Пеп Гвардиола. Челниците на Манчестер Сити сметаат дека Артета ќе ја продолжи работата на Гвардиола во вистинска насока и дека има капацитет да биде прв човек на клупата на „граѓаните“. Тој ова лето ја одби понудата на Њукасл да биде менаџер на тимот и најверојатно затоа што има ветување дека по две сезони ќе добие шанса да биде кормилар на составот на Манчестер Сити.

Се вчитува...