Работнички го освои третото место на турнирот во Бугарија

Кошаркарите на Работнички го освоија третото место на турнирот што се одржуваше во Плевен, Бугарија, откако во денешниот дуел славеше над српскиот претставник Чачак со резултат .

Македонскиот тим го остави зад себе разочарувачкиот пораз од бугарскиот првак Балкан во полуфиналето, па денеска одигра на високо ниво и заслужено стигна до победата. Работнички го доби првиот период со 15-10, во втората четвртина имаше и водство од 13 поени, за удобната предност да ја сочува до самиот крај.

„Центарци“ сериозно го засилија играчкиот ростер сезонава, со што јасно ги истакнаа амбцииите во новата сезона да се вмешаат и во борбата за трофеи во мак-баскетот.

Се вчитува...