Работнички и АК Стеваноски најдобри на Државното првенство за младинци во атлетика

АК Работнички во машка конкуренција и АК Стеваноски во женска конкуренција се најуспешните клубови на Државното првенство за млади младинци кое се одржа на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Атлетичарите на Работнички освоија вкупно 9 одликувања, од кои две златни, издвојувајќи се кај мажите пред АК Кавадарци и АК Лириа.

Во женска конкуренција, АК Стеваноски освои седум медали, од кои две златни, пред АК Куманово и АК Центар.

Од пооделните дисциплини вредни за издвојување се победите на Мартин Тренески од АК Центар на 100 метри, како и на Мила Враниќ од АК Делта, која триумфираше и на трката на 200 метри.

Во една од најатрактивните дисциплини на 400 метри кај мажите триумфираше Христијан Котевски од АК Олимп со време од 56.44 секунди, пред пионерот Филип Апостолоски од АК Најк ран со време од 56.96 секунди, а на третото место заврши Дарко Темелковски од АК Делта со време од 63.03.

На трката на 1.500 метри најуспешна беше двојката од АК Кавадарци, Бојан Чаприќ и Андреј Андоновски кои завршија пред Леонид Вандевски од АК Стеваноски. Кај жените, пак, на 1.500 метри триумфираа Софија Ангелкоска и Ива Аџиоска од АК Стеваноски.

КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИ МЛАДИНЦИ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕНДИОТ ЛИНК:

Резултати НП за Млади Младинци-ки 21.08.2020 Скопје

Се вчитува...