Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ќе го повлече дресот со број „13“ кој го носеше легендарниот Благоја Георгиевски Буштур.
Буштур трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во средата навечер.
„Во разговор со играчите, стручниот штаб и фановите одлучивме дресот со број 13 на Работнички да биде повлечен од сите понатамошни натпревари и истиот да биде оставен во салата во Градски Парк во знак на сеќавање на нашата легенда Благоја Георгиевски-Буштур“, напиша градоначалникот на Општина Центар во чија сопственост е клубот, Саша Богдановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА