Работнички му зеде бод на Вардар, Победа го прескокна Шкупи

Дербито на оваа 33. коло меѓу Работнички и Вардар ги оправда очекувањата, донесе бројни шанси и четири гола, а ремито на крајот делува и како најреален исход. „Црвено-црните“ веќе си ја осигураа титулата, одиграа растоварено и два пати имаа предност преку Џигуари и Барсегјан, но и тоа не им беше доволно за да стигнат до цел плен. Херера беше човекот на одлука кај „романтичарите“, бидејќи по неговите две асистенции Садики и Силјановски го израмнија резултатот.

Шкендија не блескаше, но сепак стигна до трите бода на гостувањето против Македонија ЃП. Абдурахими и Алими постигнаа евроголови за водство од 0-2, потоа Радески зголеми на 0-3, а храбрите „лавови“ заслужено го ублажија поразот, најпрвин со спектакуларниот лоб удар на Стојкоски, а потоа и со пеналот на Здравковски.

Победа побегна од опасната зона на табелата, минувајќи го Шкупи откако прилепчани попладнево во Штип ја совладаа Брегалница со 0-2. Гешовски и Станиќ беа стрелци на значајните погодоци за „црвено-белите“ против тимот кој веќе ја загуби трката за опстанок во елитата.

Ренова славеше над Силекс со 1-0, благодарение на голот на Велинов уште во првото полувреме.

Резултати 33. коло: Работнички – Вардар 2-2, Ренова – Силекс 1-0, Брегалница – Победа 1-2, Македонија ЃП – Шкендија 2-3, Пелистер – Шкупи 1-0.

Табела: Вардар 76, Шкендија 65, Работнички 53, Пелистер 51, Ренова 48, Силекс 42, Победа 35, Шкупи 33, Брегалница 21, Македонија ШП 19.

Се вчитува...