Работнички плати и доби „зелено светло“ за летните засилувања

Работнички претрпе два пораза од ТФТ и од Пелистер на стартот од сезонава, исходи кои се должеа и на неиграњето на странските засилувања кои дојдоа летово, но не можеа да бидат регистрирани поради долговите од претходните години и блокадата за трансфери што ја имаше најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

„Центарци“ имаа дури шест БАТ-блокади во Судот за Арбитража на ФИБА, но сега тој проблем е целосно решен, со шестмината кошаркари се потпишани спогодби за исплата на долговите, по што Работнички доби зелено светло за странците да почнат со настапи во македонскиот шампионат.

Од шесте блокади, пет беа решени до крајот на оваа седмица, шестата конечно беше финиширана, па тренерот Мирковски конечно ќе го има на располагање комплетниот играчки ростер.

„Центарци“ во третото коло ќе се сретнат со Тиквеш, меч што најверојатно ќе биде одигран на 21 октомври по најавите дека поради изборите нема да се игра кошарка на терените ширум Македонија викендов.

Се вчитува...