Работнички по триумф против Струга ТЛ, Борец го пречекува Шкупи

По триумфот над Ренова, Работнички посакува нова победа на домашен терен овој пат против Струга Трим Лум во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ веруваат дека може да дојдат до бодовите кои и тоа како ќе значат во трката за избегнување на последните места на табелата и приклучок кон првата половина.

А, во трката за опстанок, пак, Борец посакува нови три бода пред своите навивачи. Велешани ги чека тешка задача против Шкупи но на домашен терен претходно секогаш потврдуваат дека може да играат против секој противник.

„Има дополнителен мотив меѓу нас по триумфот над Струга ТЛ. Сега сигурно веруваме дека можеме до трите бода и против Шкупи пред нашите навивачи“ – вели офанзивецот на Борец, Симеон Христов.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР
Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ 0-1

Се вчитува...