Работнички со нов тренер сака да побегне од дното, ќе проработи ли и Шкендија со Ернест Ѓока?

На Работнички не му е местото на дното вели новиот тренер Марјан Андрески, кој денеска на Чаир ќе го има дебито како шеф на стручниот штаб. Тој го наследи Александар Влахо на клупата на „романтичарите“, по лошиот старт на сезоната и последната позиција по десет одиграни кола.

„Работнички не заслужува да биде на дното и треба сите максимално да се потрудиме што е можно побрзо да излеземе од резултатската криза. Имаме квалитет, можеби на одредени мечеви и среќата не беше на наша страна, но мораме да смогнеме сили, да заиграме подобро и да бележиме позитивни резултати во серија. Верувам дека уште денеска тимот ќе покаже многу повеќе“, вели новиот шеф на стручниот штаб, Марјан Андрески.

Шкупи има три бода повеќе и интересно, се наоѓа на четвртата позиција на табелата. Ќатип Османи и неговите избраници по две гостувања се враќаат на Чаир и посакуваат триумф.

Шкендија оди на „поправен“ со Ернест Ѓока против Силекс. Албанскиот стратег дебитираше со пораз дома од Академија Пандев, но тетовци веруваат дека денеска ќе успеат да стигнат до победа. Бодовно веќе и премногу заостанаа во однос на лидерскиот тандем, Вардар и Академија Пандев.

„Немаме друг избор, размислуваме единствено за победа“, порачуваат од таборот на Шкендија.

Струга Трим Лум на домашен терен ќе го пречека составот на Ренова. Вардар е домаќин на Борец, а Академија Пандев во Струмица ќе игра против Македонија Ѓорче Петров.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (14:30 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: ВАРДАР – БОРЕЦ

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

Се вчитува...