Работнички водеше, па ремизираше со Пелистер

Работнички и Пелистер одиграа нерешено 1-1 на тестот во Охрид. Во студено време, двата тима имаа по неколку шанси, а двата гола паднаа во вториот дел.

Најпрво Работнички поведе со голот на Кире Маркоски на стартот од вториот дел, а потоа Борче Маневски успеа да го израмни резултатот.

Ова беше вториот одигран пријателски меч за Работнички во зимските подготовки, и прв во Охрид. Претходно Работнички во „тест“ во Богданци го совлада тимот на Кожуф со 3-0.

Се вчитува...