Работник ги собира репрезентативците – потпишан и Маџовски

Во манир на голем клуб, раководството на Работник настојува што поскоро да го комплетира ростерот за наредната сезона, давајќи му време на тренерот Алушовски да ги воигра новите ракометари во екипата. А целта на битолчани е јасна – да се соберат што повеќе репрезентативци на едно место, па така денеска беше потпишан договор и со Бојан Маџовски.

Левото крило доаѓа од таборот на Металург и се најде на списокот на новиот селектор Данило Брестовац за првиот натпревар против Исланд. Во ситуација кога „фармацевтите“ го имаат и искусниот Ојлески, јасно е дека оваа позиција ќе биде добро покриена од двајца домашни ракометари.

Маџовски е второто засилување за Работник по завршувањето на сезонава, откако во текот на вчерашниот ден беше официјализиран и трансферот на голманот Никола Митревски.

Се вчитува...