Радовиш се „коцкаше“ во финишот, но сепак победи во Автокоманда

Ракометарите на Радовиш со триумф од 27-32 против Металург 2 го завршија гостувањето во Автокоманда во најсилната ракометна лига на Македонија.

Радовиш чуваше предност во текот на целата средба, низ тотална доминација стигнувајќи и до предност од 11 гола на полувремето (9-20). Во второто полувреме радовишани водеа и со 13-26, за да во финишот се опуштат и дозволат домашните да завршат со поднослив пораз.

Илиев со 1о гола беше најефикасен кај Радовиш, а Стојановски постигна шест погодоци. Кај Металург 2 се издвои Михајлов со осум погодоци.

Се вчитува...