Радукану го пропушта Вимблдон?

Британската тенисерка Ема Радукану би можела поради повреда да го пропушти годинашното издание на Вимблдон. 19-годишната сензационална освојувачка на УС опен минатата година во вторникот го предаде мечот во Нотингем против Швајцарката Викторија Голубиќ.

Британката во моментов е 11. тенисерка во светот и беше голема надеж на Британците за освојување на титулата на женскиот турнир на неофицијалното светско првенство во тенис.

„Многу чудна повреда. Не знам што можев да направам поинаку. Сигурно нема да ги прашам „гугл докторите“. Не знам што ќе се случи со Вимблдон, немам идеја. Очигледно сум разочарана и мислам дека немам среќа“, изјави Радукану. 

Се вчитува...