Радукану нема да го брани трофејот на УС Опен поради повреда?

Актуелната шампионка на УС Опен, Ема Радукани, би можела да го пропушти последниот грен-слем во сезоната. Британската тенисерка го прекина тренингот вчера со руската тенисерка Екатерина Александрова. Во еден момент се фатила за зглобот и почнала да плаче.

После 15 минути се вратила на тренингот, меѓутоа само кратко. Повторно застана и со помош на физиотерапевт го напушти теренот.

Ема Радукану во првото коло требаше да игра со Ализ Корне од Франција, меѓутоа сега докторите ќе го имаат последниот збор дали ќе и дозволат на Британката да игра на УС Опен и да го брани трофејот.

За потсетување дека на УС Опен во машка конкуренција нема да игра Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...