Рафа Надал го преживеа Фриц – Продолжува мисијата „календарски-слем“

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на третиот гранд-слем во сезоната, Вимблдон откако во неверојатен меч во четвртфиналето во пет сета со 3-2 (3-6, 7-5, 3-6 и 7-5 и 7-6) славеше над Американецот, Тејлор Фриц.

Натпреварот подобро го отвори Рафа Надал кој поведе со 3-1, по што следуваше серија на Фриц од пет гема кои значеа и водство од 1-0 (6-3). Во вториот сет возврати Шпанецот, добивајќи го со 7-5. Фриц до ново водство дојде откако во третиот сет одигра маестрално добивајќи го со 6-3. Во четвртиот сет следеше голема борба во која како победник излезе Надал освојувајќи го со 7-5 и израмни на 2-2.

Во одлучувачкиот петти сет Надал првпат стигна до брејк, но Американецот веднаш го врати (4-4). Натпреварот замина во одлучувачки тај-брејк, а таму подобро се снајде Надал добивајќи го супертајбрејкот со 10-4.

Во полуфиналето Надал ќе игра против Австралиецот, Ник Кирјос кој првпат до најдобрите четири на еден гранд-слем турнир откако славеше над Чилеанецот, Гарин со максимални 3-0,  по сетови 6-4, 6-3 и 7-6.

Се вчитува...