Поранешниот шпански олимпиец Хозе Луис Гонзалез го критикуваше Рафаел Надал велејќи дека не треба толку многу да говори за своите повреди, бидејќи на целиот свет му изгледа како да глуми жртва.
Гонзалез е трикратен учесник на Летните олимписки игри (1980, 1984 и 1992), а беше и светски шампион во сала на патеката на 1.500 метри.
„Не се сложувам со Рафа толку што говори за повредата. Погрешно е толку да се зборува за тоа во јавноста бидејќи може да се разбере дека глуми жртва. Ако одлучиш да одиш на некое натпреварување тоа значи дека си 100 отсто подготвен за него“, изјави Гонзалез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА