Рајковиќ и Саратов го доживеаја првиот пораз во втората фаза од ФИБА еврокупот

Еден од најдобрите македонски кошаркарски тренери, Емил Рајковиќ со неговиот Автодор Саратов го доживеа првиот пораз од втората групна фаза во ФИБА еврокупот. Рускиот тим по продолженија загуби на гостувањето кај турскиот Бахчешехир со 97-95.

Рајковиќ мора да биде луд на своите избраници бидејќи пред влезот во последниот период имаа предност од тринаесет поени (48-61), а во последните 10 минути успеаја да примат дури 36 поени и со тоа натпреварот да замине во продолженија.

Таму домаќините беа за нијанса подобри и на крајот стигнаа до триумф од 97-95. Чери со 23 поени беше прво име кај поразените, додека кај победникот Саваш заврши со 20 поени. И покрај поразот Автодор ќе остане на првото место во групата Л бидејќи на првиот меч во Русија славеше со пет поени разлика против истиот противник.

Се вчитува...