Рајковиќ и Саратов остануваат максимални во ФИБА еврокупот

Македонскиот тренер, Емил Рајковиќ и неговиот Саратов продолжуваат со одличните резултати во ФИБА Еврокупот, забележувајќи ја четвртатата победа во исто толку натпревари.

Во трилер натпревар вечерва пред четата на Рајковиќ падна и Сарагоса по продолженија (86-92). Рускиот тим за малку ќе направеше од готово-вересија бидејќи по првото полувреме имаше предност од плус четиринаесет (34-48). Домаќините успеаја да се вратат во вториот дел и натпреварот да го однесат во продолженија.

Сепак, кошаркарите на Рајковиќ успеаја да се ресетираат во дополнителните пет минути и на крајот да стигнат до конечен триумф од 86-92.

Се вчитува...