Рајковиќ и ЦСКА со победа ги завршија подготовките за новата сезона

Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва со победа над московскиот тим Руна од 90-70 го завршија подготвителниот период пред стартот на новата сезона и мечот против Самара. За овој натпревар македонскиот стратег можеше да смета на услугите на Алексеј Швед, а такму рускиот репрезентативец беше лидер на тимот со 15 поени.

Претходно „армејците“ одработија подготовки на домашно тло и во Турција, а настапија на Суперкупот на ВТБ лигата каде несреќно беа поразени во финалето од страна на главниот конкурент за титула Зенит.

Се вчитува...