Рајковиќ по испишаната историја со ЦСКА: Моите играчи заслужија 14-0

Емил Рајковиќ го доби и вториот „македонски дуел“ во ВТБ лигата откако во 14. коло по продолжение славеше на гостувањето кај Ненад Димитиријевиќ и Уникс Казањ со 93-95. За „армејците“ тоа е 14 победа во сезоната со што е поставен нов рекорд за најдобар старт на сезона во историјата на клубот.

Задоволството не го криеше македонскиот стратег кој скромно вели дека најзаслужни за рекордните 14. победи во шампионатот заслужни се неговите играчи.

„Беше навистина голема битка, многу тежок натпревар за двата тима. Мислам дека играчите им дадоа на навивачите многу моменти за уживање. Ова беше натпревар кој долго се очекуваше и мислам дека двата тима не разочараа со залагањето, а и квалитетот. Многу пати мислевме дека го добивме натпреварот, но Уникс се врати во игра со три поени во одлучувачки момент. Можам да кажам дека сум горд на моите играчи бидејќи тие беа тие кои се истакнаа во оваа одлична атмосфера, против овој голем противник и заслужуваат 14-0 и нов рекорд за најдобар старт во историјата на клубот“, вели Рајковиќ.

Се вчитува...