Рајн Некар без Апелгрен до крајот од годинава

Германскиот Рајн Некар Левен најверојатно до крајот од оваа година ќе биде без голманот Микел Апелгрен. Клубот денеска објави дека по операцијата на рамото отсуството на Швеѓанецот ќе потрае во следните неколку месеци.

Рајн Некар Левен е противник на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Европа лигата и треба да се сретнат на 24. ноември што значи дека германскиот состав на овој дуел ќе биде без Аплегрен. Рајн Некар го има и сонародникот на Апелгрен, Андрес Паличка на голот.

 

 

Се вчитува...