Рајо го победи Реал по 22 години, Столе Димитриевски следеше од клупата

Рајо Ваљекано изненадувачки го совлада Реал Мадрид на домашен терен со 1-0 и си ги зголеми шансите за опстанок во Ла Лига. Тоа е прв триумф за Рајо над „кралскиот клуб“ по цели 22 години. Сега тимот на Столе Димитриевски има четири бода помалку од Валјадолид, кој се наоѓа на позицијата која води во бараж, на три кола до крајот на шампионатот во Шпанија.

Адри Ембарба од пенал во 23.минута го постигна победничкиот гол за Рајо Ваљекано. Тимот на Зинедин Зидан не беше на потребното ниво на ова гостување.

Се вчитува...