Ракомет за гурмани – Вардар ја пречекува Барселона

Во дербито од 5.коло во групната фаза од Лигата на шампионите, Вардар денеска (17.30 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува Барселона. Дуелот меѓу актуелниот европски шампион и најтрофејниот ракометен клуб во историјата на овој спорт во чиј состав е и македонскиот репрезентативец Борко Ристовски, го привлекува вниманието на македонската публика, но и на ракометна Европа.

Денешниот натпревар во Скопје по многу нешта е посебен. Барселона е единствениот тим што му нанел пораз на Вардар сезонава. Каталонците беа посупешни од вардарци на годинашниот Супер Глоуб во Доха на стартот од сезоната. Во натпреварите од новата сезона во Лигата на шампоионите, Вардар и Барселона се единствени непоразени во групата А. И едмните и другите имаат по три победи и по едно реми во првите четири кола од групната фаза и денешната меѓусебна пресметка ќе биде решавачка во борбата за врвот на табелата.

Барселона е најголемиот противник во групната фаза. Имаат добри играчи со искуство, знаат како да играат вакви натпревари. Ако сакаме да победиме, нашата одбрана мора да функционира на највисоко ниво. Гплманот Перез де Варгас е голем адут на Барселона и треба да бидеме многу концентрирани во нападот. Ова се две екипи на исто ново и очекувам многу тежок натпревар. Но јас верувам во тимот и во нашите навивачи и мислам дека имаме шанса за победа“ – вели шпанскиот тренер на клупата на Вардар, Раул Гонзалес.

Барселона најдобро ја почувствува силата на Вардар во полуфиналето на годинашниот Ф4 турнир во Келн  на кој „црвено-црните“ беа сензационални победници. Чави Пасквал и неговите избраници успеаја да се реваншираат во полуфиналето на Супер Глоуб, но вистинскиот предизвик нивниот прв меѓусебен дуел од новата сезона во ЛШ. Барселона, по традиција, тешко поминува на „жешкиот терен“ во Скопје и токму тоа го потенцира и тренерот Чави Пасквал пред дуелот со Вардар.

„Ние сме свесни дека играме против силен противник, се соочуваме со европскиот шампион. Секогаш е тешко да се игра против Вардар, а нивниот терен е еден од најкоплицираните. Вардар е во добар ритам и, како што видовме на Супер Глоуб, екипа која може да ни создаде многу проблеми. Тоа се секогаш многу изедначени дуели и треба да бидеме многу внимателни, посебно во играта еден на еден“ – истакнува тренерот на Барселона, Чави Пасквал.

Вардар на денешниот дуел ќе биде во комплетен состав. Според најавите од таборот на „црвено-црните“ за дуелот со Барселона, Гонзалес ќе го има на располагање и Игор Карачиќ кој ја санира повредата и деновиве тренираше со екипата во полн интензитет.

Се вчитува...