Ракометарите ја почувствуваа „Мерцедес бенц“ арената во Берлин (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Берлин,

Стеван Цаневски

Ракометарите во текот на вчерашниот ден со воз од Дизелдорф допатуваа во Берлин, а денеска веќе го има и првиот тренинг во „Мерцедес Бенц Арена“, каде в недела ќе излезат на мегдан со селекцијата на Германија.

Избраниците на Кирил Лазаров во добра атмосфера го одработеа денешниот тренинг, а единствена мисла е позитивен резултат против големиот фаворит и домаќин на шампионатот.

Се вчитува...