Ракометарите поразени во првата контрола против Романија

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа пораз од Романија на гостински терен од 32-27 во пријателскиот натпревар како дел од подготовките за бараж натпреварот за СП против Фарски острови кој ќе се игра во мај.

Натпреварот почна израмнето и така се играше во текот на целиот прв дел кој нашите ракометари го добија минимално со 15-16. Второто полувреме нашите избраници го стартуваа лошо, но и неколку судиски одлуки доведоа разликата во корист на Романците во еден момент да стигне и до плус шест. До крајот Романија го исконтролира резултатот за конечен триумф од 32-27.

Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров на оваа средба поради повреда не сметаше на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриноски и Павле Атанасијевиќ, додека на голот го нема Никола Митревски, кој е ослободен во оваа ЕХФ недела.

Се вчитува...