Ракометарите пристигнаа во Берлин: Во германскиот главен град ќе се брка чудо

ЕКИПА во Берлин
Стеван Цаневски

Со воз од Дизелдорф, македонските ракометни репрезентативци пристигнаа во новата база – Берлин. Во главниот германски град, Македонија ќе одигра меч против домаќинот Германија и против Швајцарија, во обид да дојде до чудо, и да оствари победи со кои ќе се пласира во следната фаза.

И покрај тоа што германските железници беа во штрајк, сепак, направија отстапки за ракометарите да пристигнат на следната дестинација.

Во првиот меч кој се одигра на фудбалски стадион, Македонија беше поразена од Франција со 39-29. На „Меркур Шпил Арената“ во Дизелдорф, се одиграа само два натпревари, и повеќе нема да се игра таму на ракометното ЕП.

Се вчитува...