Ракометарите пристигнаа во Дизелдорф и веднаш на тренинг (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација утрово пристигна во Дизелдорф, Германија каде од 10. јануари го стартува својот настап на Европското првенство 2024.

Селекторот Кире Лазаров, не чекајќи многу, веднаш согласно планот го реализираше и првиот тренинг на германско тло во очекување на првиот натпревар на шампионатот.

Македонија првиот натпревар го игра на 10. јануари (среда) од 18 часот против селекцијата на Франција. Натпреварот ќе се игра на фудбалскиот стадион во Диселдорф кој е веќе прилагоден за ракометни натпревари.

Следните два натпревари во групата, против Германија и Швајцарија, Македонија ќе ги игра во Берлин.

Се вчитува...