Ракометарот на Бутел на клиника бил донесен без срцева акција, сепак, без видливи траги на насилство!

Наспроти информациите кои беа пласирани во јавноста дека ракометарот на РК Бутел, Денис Тот синоќа бил претепан во скопскиот клуб „Привилиџ“, сепак тој на скопската Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување бил донесен без видливи знаци на насилство, но во критична состојба и без срцева акција, информираат од МВР

„Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста дека вчера (07.04.2022) во  04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“ – се вели во информацијата од МВР.

 

И директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова, во изјава за Фокус потврдува дека 27-годишниот хрватски ракометар бил донесен без видливи траги на насилство, но во тешка ситуација и се бори за живот.

„Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот“ – вели доктор Мојсова во изјава за „Фокус“.

Се вчитува...