Рамос искрен: Нема да лажам, уживав гледајќи како ПСЖ ја гази Барса!

Серхио Рамос не го криеше задоволството по убедливата победа над Наполи, а дефанзивецот на Реал Мадрид истакна дека е уште посреќен поради убедливиот пораз што големиот ривал Барселона го претрпе на своето гостување во Париз против ПСЖ.

Би излажал кога би рекол дека не уживав. Дефинитивно ми беше мило гледајќи како ПСЖ ја гази Барселона. Не сакам кога пријателите ми се во невоља, уште повеќе не сакам да гледам кога Барселона победува, така што чувството дефинитивно беше прекрасно. Морам да кажам дека не сум премногу изненаден, ПСЖ е одличен тим што во даден ден може да го декласира секој ривал во светот“ – изјави Рамос.

Шпанскиот репрезентативец поради повреда го напушти теренот на дваесет минути до крајот, но не верува дека станува збор за нешто посериозно.

Добив тежок удар и почувствував силна болка во пределот на колкот. Продолжив да играм додека не обезбедивме добар резултат, а потоа решив повеќе да не ризикувам и излегов. Ги чекаме резултатите од тестовите, но за среќа не станува збор за проблем со мускулот, што ќе значеше автоматска пауза од неколку седмици“ – истакна Серхио Рамос.

Се вчитува...