Рамос со задоцнет старт го „собра“ Меси на тренинг, Аргентинецот му се налути (ВИДЕО)

Серхио Рамос е познат по грубите стартови над противниците, нешто што особено можеше да се гледа на дуелите на „Ел Класико“ меѓу Меси и Серхио. Сепак, двајцата фудбалери веќе втора година по ред како играат за ист тим, па односите им се строго колегијални и пријателски.

На последниот тренинг на ПСЖ, искусниот стопер имаше задоцнет старт и го „собра“ својот соиграч од ПСЖ, кој иако остана на нозе и успеа да погоди со десната нога, не остана импресиониран од жестокиот соиграч.

Меси со „убиствениот поглед“ јасно стави до знаење дека не е импресиониран од потегот на Рамос, кој се обиде да ја смири ситуацијата со пријателско тапкање по глава.

 

 

 

Се вчитува...