Рангник: Навивачите имаат право да протестираат

Денеска непосредно пред дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Норич закажан за 16 часот, е најавен протест од страна на навивачите на Јунајтед, незадоволни од ситуацијата во клубот и сопствениците, фамилијата Глејзер.

Уште во петокот е присутно обезбедување во тренинг центарот, каде што навивачите на самиот влез во текот на неделата ставија транспарент дека играчите „не се достојни да го носат дресот на Манчестер Јунајтед“.

Менаџерот Ралф Рангник го прашаа за протестите.

„Знаеме дека фудбалот е игра на страст и емоции. Мислам дека можеме да ги разбереме нашите навивачи дека се разочарани со оглед на позицијата на табелата, но и со играта која ја покажавме против Евертон. Верувам дека нашите навивачи се најдобри во Англија, и се додека протестираат на мирен начин и додека го поддржуваат тимот, тогаш имаат право да го изразат своето мислење. Ги разбирам дека се разочарани“, рече Рангник.

Се вчитува...