Рангник: Повеќе ништо нема да зависи од мене, за иднината на Роналдо ќе одлучува новиот тренер

Кристијано Роналдо синоќа со хет-трик му донесе победа на Манчестер јунајтед над Норич од 3-2, Португалецот имаше импресивна партија.

Многумина велат дека Роналдо е проблемот на Манчестер јунајтед, но статистиката вели дека тој го носи тимот на грб. Тој постигна дури 21 гол оваа сезона во сите натпреварувања од кои 15 во Премиер-лигата.

По натпреварот Ралф Рангник беше запрашан за иднината на Кристијано Роналдо.

„Тоа не е моја одлука. Кристијано има уште една година од договорот. Тоа е одлука која новиот тренер треба да ја донесе заедно со бордот“, вели Рангник.

Се вчитува...