Раниери: Фудбалерите ми веруваат, ќе се бориме до крај

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери тврди дека и натаму има голема поддршка од своите играчи.

Лестер минатата сезона беше шампион на Англија, а оваа се бори за опстанок во лигата. Но, Раниери и натаму ја има довербата од сите во клубот.

„Новинарите прашуваат за фудбалерите, дали се задоволни. Може да ви кажам дека и тоа како се задоволни. Заедно сме, имам огромна доверба во нив, а тие во мене. Никогаш нема да се откажеме, иако мора да се признае дека во моментов самодовербата не ни е на највисоко ниво“ – вели Раниери.

„Минатата сезона беше одлична, а сега мора да се бориме. Но, ние сме Лестер и ќе се бориме до крај“ – дополнува искусниот стратег.

Лестер изминатиов викенд го запиша, во дуелот со Јунајтед, и четвртиот едноподруго пораз во Премиер лигата.

Се вчитува...