Раниери: Нејмар ќе ги надмине и Роналдо и Меси

Според мислењето на италијанскиот стратег Клаудио Раниери, новиот фудбалер на ПСЖ, Нејмар набрзо ќе ги надмине Кристијано Роналдо и Лионел Меси и ќе стане најдобар фудбалер на светот.

Бразилецот одлично ја почна својата епизода во Париз, постигнувајќи три гола на првите два натпревари во Лига 1 во дресот на ПСЖ. Раниери потенцира дека Нејмар ќе биде следниот добитник на „Златната топка“.

„Го мислам тоа што и сите останати. Тој е голем фудбалер. Мислам дека по Меси и Кристијано Роналдо, сега тој ќе биде следниот добитник на Златната топка. Верувам дека тој постепено ќе ги надмине и двајцата и ќе стане најдобриот во светот, затоа што е млад, пред него е вистинската кариера“ – вели Раниери.

Се вчитува...