Раниери си отиде и Лестер високо полета, го „зацрвени“ Ливерпул

Актуелниот англиски шампион Лестер ја прекина серијата порази и по заминувањето на Клаудио Раниери полета многу високо, победувајќи го Ливерпул на домашен терен со 3-1. Очигледно дека отказот на Раниери го „размрда“ тимот на Лестер, кој потсети на фантастичните игри од минатата сезона.

Џејми Варди го отвори резултатот, а Дринквотер зголеми на 2-0 во првото полувреме. Џејми Варди во 60.минута постигна трет погодок за Лестер и беше јасно дека домаќинот ќе ги освои бодовите. Кутињо постигна почесен погодок за Ливерпул, но тоа беше се од тимот на Јирген Клоп на ова гостување.

All Goals & highlights HD – Leicester City 3-1… by Live1Goals

Се вчитува...