Расел Вестбрук и Пол Џорџ им отсвиреа на „џезерите“

Кошаркарите на Оклахома во својата „Шекспир Енерџи Арена“ во драматичен дуел ја победија Јута џез со 107-99. Домашниот тим мораше да го добие овој меч за да го продолжи настапот во годинашниот плеј-оф во НБА лигата.

На почетокот на натпреварот работите не им одеа во прилог на домашните кошаркари. „Џезерите“ подобро го отворија мечот и по првата четвртина водеа со 34-29. Гостите беа подобри и во втората четвртина и ја зголемија предност на 56-41.

Во тие моменти се чинеше дека Оклахома тешко ќе се спаси од пораз, уште повеќе кога гостите го засилија темото и во третата четвртина стигнаа на +25. Но, тогаш се случи голем пресврт. Домапниот тим успеа да ја анулира негативата и со фуриозна игра во последната четвртина на крај и да забележи победа со 107-99.

Најзаслужни за пресвртот и за големиот триумф на Оклахома беа извонредниот Расел Вестбрук со дури 45 поени и 15 скока и пол Џорџ кој додаде 34 поени и осум скока. Кај гостите Кроудер заврши со 27 поени.

Од другите резуктати, Кливленд поведе против Индијана со 3-2 во серијата откако го добија петтиот меч на домашен терен со 98-95. И во овој дуел „кавси“ ги предводеше Леброн Џејмс со 44 поени и 10 скока.

Со 3-2 во серијата поведе и тимот на Торонто по победата против Вашингтон со 108-98. Најефикасен беше ДеРозен со 32 поени.

Единствен тим што по синоќешните натпревари избори пласман во следната фаза е Хјустон кој славеше против Минесота со 122-104 и ја доби серијатта со 4-1. Најефикасен кај победничкиот тим беше Капела со 26 поени, а Харден додаде 24 поени и 12 асистенции.

Се вчитува...