Рашфорд: Добив 70 расистички пораки, некои од нив се и од професори

Манчестер Јунајтед не успеа да стигне до трофеј ни оваа сезона откако во финалето од Лига Европа англискиот гигант загуби од седмопласираниот во шпанското првенство, Вилјареал. Во регуларниот дел резултатот беше изедначен (1-1), а победникот беше одлучен во пенал рулетот кој Шпанците го добија со 11-10.

Разочарувачкиот натпревар на „црвените ѓаволи“ кои не успеаја да ја наметнат својата игра и да креираат шанси за гол не помина добро кај симпатизерите на клубот. Играчите добија бројни навреди на социјалните мрежи, а еден од нив беше и Маркус Рашфорд кој изјави дека добил бројни закани, но и расистички пораки од професори.

„До сега избројав најмалку 70 расистички навреди на моите социјлни мрежи. Тие кои работат на тоа да се осеќам полошо отколку веќе се осеќам, нека ви е со среќа“, напиша Англичанецот, па додаде:

„Ете некој кој ги учи децата знае дека може слободно да вреѓа на расна основа и дека нема да има последици за тоа“

Се вчитува...