Расположени голгетерите на сите четири попладневни натпревари во Бундеслигата, на кои беа постигнати дури 19 гола, а повеќето од нив беа во Менхенгладбах, каде Мајнц победи со 3-4 против Борусија.
Иако домашните поведоа со голот на Нојхаус во 11. минута, пресвртот дојде пред полувремето преку Тико во 18.минута и Бекер во 45. минута.
Во 57. минута, Дикс промаши пенал за израмнување, но две минути подоцна, Лидберг сепак израмни на 2-2. Сепак, Мајнц успеа да го однесе целиот плен дома благодарение на головите на Мартел во 78. минута и Да Коста во 89. минута. Се што успеа домаќинот до крајот беше третиот гол на Махин од пенал во 90+4 минута.
На сличен начин, со пресврт, Вердер славеше против Аугсбург со резултат од 3-2, откако Баварците рано поведоа со голот на Фелхауер.
Во 58. минута, Бракелман го зголеми резултатот на 0-2 за гостите, но дури тогаш почна да игра за тимот во зелено. Прво, Грул го намали дефицитот во 66. минута, а Фулкруг го израмни резултатот во 86. минута.
Целосен пресврт и прослава за Вердер донесе Вајзер во третата минута од судиското продолжение, по асистенција од Грул.
ХСВ беше многу посигурен дома против Келн и победи со 2-1, откако Капалдо во 44. минута и Поулсен во 51-та минута го отворија патот до бодовите.
„Јарците“ постигнаа утешен гол предоцна, дури во 90-та минута со голот на Аш.
Единствената поделба на бодовите попладнево беше видена во Франкфурт каде Ајнтрахт и Фрајбург одиграа 2-2.
Домашниот тим поведе со голот на Ебнуталиб во 10. минута, а гостите израмнија за прв пат во 34. преку Шерхант.
Само две минути подоцна, Буркарт го врати водството на Ајнтрахт, но во 48. минута, Сузуки го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
